Од Ердоган до Макрон: „Ти најпрвин контролирај ја својата клиничка смрт“

Зарем ти имаш такви овластувања да донесеш една ваква одлука?

1314909
Од Ердоган до Макрон: „Ти најпрвин контролирај ја својата клиничка смрт“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон реагираше со зборовите:

„Ти најпрвин контролирај ја својата клиничка смрт“.

Во говорот на свеченото фрлање на темелите на комплексот објекти Реџеп Тајип Ердоган во рамките на универзитетот Мармара во истанбулската населба, претседателот Ердоган рече:

„Одредени земји кои се научени само да победуваат и профитираа и не изнесуваат никакви ризици, кога станува збор за Турција, одбраната и заштитата на своите права, суверенитетот, тоа не можат да го поднесат. Затоа францускиот претседател Франсоа Макрон не треба да очекува солидарност од сојузничките земји на НАТО во врска со мировната операција „Извор на мирот“ насочена против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК на северот на Сирија.“

Ердоган остро реагираше на изјавата на францускиот претседател Макрон и во тој контекст го рече следното:

„Со текот на времето имаме можност да видиме дека постепен расте бројот на земјите кои тешко го поднесуваат и варат подемот на Турција. Последниот пример за тоа се дискусиите во НАТО. Одредени земји кои се научени само да победуваат и да профитираат, без да преземат одреден ризици, не можат да ја поднесат Турција која се бори да ги сочува своите права, суверенитетот. Последната изјава на францускиот претседател претставува уште еден конкретен пример за болното плитко сфаќање за случувањата. Макрон истакна дека наводно „НАТО клинички умре“. Еј Макрон, слушни ме добро. Јас ти се обраќам од Турција. Ова ќе го кажам и на состанокот на НАТО. Ти најпрвин контролирај ја својата клиничка смрт. Бидејќи овие твои зборови доликуваат само на оние од твојот вид чија клиничка смрт е остварена. Прво, ти не ги исполнуваш должностите кои треба да ги исполниш кон НАТО. Дури парите коишто треба да му ги платиш на НАТО, не му ги плаќаш како треба. А кога треба да се фалиш, тогаш претерано се фалиш.

Прашањето: „Дали треба или не треба да се извади Турција од НАТО?“ Прво тоа не е твоја работа и ги надминува твоите ингиренции. Зарем ти имаш такви овластувања да донесеш една ваква одлука?

Франција е самата која воопшто не ја почитува нашата оправдана чувствителност во однос на Сирија која се наоѓа на нашата граница. Вие се обидувате само да се задржите во Сирија. Ти немаш право и надлежност да се наоѓаш на овие територии. Впрочем и самиот режим те нема повикано“ рече Ердоган.

Во освртот на борбата против тероризмот, претседателот Ердоган рече:

„Турција решително ќе продолжи со борбата против тероризмот се додека не биде уништен и последниот терорист.

Безбедноста на Турција подразбира и безбедност на Европа“.

Потенцирајќи дека Макрон е неискусен лидер, претседателот Ердоган на Макрон му препорача да се ангажира и погрижи да ги смири протестите на жолтите елеци во својата земја.



Слични вести