Од Ибрахим Калин до Макрон: Макрон продолжува да ги крши чашите по ред, и сé уште сака да пие чај

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на последните зборови на францускиот претседател Макрон реагираше велејќи „Макрон продолжува да ги крши чашите по ред и сé уште сака да пие чај“

1314574
Од Ибрахим Калин до Макрон: Макрон продолжува да ги крши чашите по ред, и сé уште сака да пие чај

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажа реакција против последните зборови на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на тоа дека Турција која ја реализира операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија, не би требало да очекува солидаризација од своите НАТО сојузници.

Калин на овие зборови на Макрон реагираше изнесувајќи ја констатацијата „Макрон продолжува да ги крши чашите по ред и сé уште сака да пие чај“.

Ибрахим Калин на зборовите коишто ги употреби францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Париз, покажа реакција на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Калин во својата споделена објава нагласи дека Макрон е единствениот лидер кој стави вето на започнувањето на преговорите со Северна Македонија за членство во Европската унија (ЕУ), а како што подвлече и покрај тоа што оваа земја ги исполни сите услови што ги бараше Брисел од неја, вклучувајќи ја и промената на своето име.

Ибрахим Калин исто така потсети и на зборовите коишто германската канцеларка Ангела Меркел претходно ги употреби во врска со францускиот претседател Макрон, а која рече: „Ја разбирам Вашата желба кон уривачка политика, но јас морам постојано да ги лепам чашите кои Вие ги кршите, за да можеме сепак да седнеме и да се напиеме чај“.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, во врска со зборовите Макрон околу тоа дека Турција не би требало да очекува солидаризација од своите НАТО сојузници, рече: „Макрон продолжува да ги крши чашите по ред и сé уште сака да пие чај.“

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Париз, во врска со операцијата Извор на мирот којашто ја спроведува Турција против  сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија, рече: „Крајно сум свесен за безбедносните грижи на нашиот сојузник Турција. Станаа подложени на бројни терористички напади. Заедно со тоа, не може да се очекува ѝ да се реализира воена операција којашто претставува закана за коалицијата против ДЕАШ, ѝ да се очекува единство и поддршка.“



Слични вести