Алтун: НАТО земјите треба да ги надгледуваат заедничките интереси и безбедноста на сите членки

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека земјите на НАТО треба да ги надгледуваат заедничките интереси и безбедноста коишто ги засегаат државите членки на Сојузот

1314750
Алтун: НАТО земјите треба да ги надгледуваат заедничките интереси и безбедноста на сите членки

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на тоа дека Турција која ја реализира операцијата Извор на мирот против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија, не би требало да очекува солидаризација од своите НАТО сојузници. 

Алтун истакна дека земјите на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) треба да ги надгледуваат заедничките интереси и безбедноста коишто ги засегаат државите членки на Сојузот.

Велејќи дека силата и ефикасноста на трансатлантскиот сојуз се значајни елементи од аспект на безбедноста и постоењето на државите членки, Фахреттин Алтун ја изнесе следната констатација: „И кај НАТО, исто како и кај сите други меѓународни организации, со текот на времето постои потреба од реформа и ревизија. Да се води овој процес пак, е во одговорност на членките на НАТО.“

Алтун нагласи дека Турција уште од почетокот е значајна членка на НАТО и одигрува витално значење во Сојзуот.

„Упатуваме повик до државите членки да ги разберат националните безбедносни грижи на Турција.Секоја држава членка и секој лидер кој располага со одговорност треба да ги изнесува сопствените предлози за реформа и додека го прави тоа треба да се надгледуваат заедничките интереси и безбедноста на сите држави членки. Тоа што една земја (Франција) поради нејзините сопствени надворешно политички проблеми, погрешни избори, постепеното намалување на нејзината стратешка валидност и внатрешните пресметки, го обвинува НАТО, претставува неправда кон Сојузот. Тоа истовремено претставува голема неправда и против францускиот народ.“



Слични вести