Сулејман Сојлу: На почетокот на декември ќе вратиме во Франција 11 француски државјани, припадници на ДЕАШ

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека веднаш на почетокот на декември Турција ќе врати назад во нивната матична земја Франција 11 француски државјани, припадници на ДЕАШ

1314118
Сулејман Сојлу: На почетокот на декември ќе вратиме во Франција 11 француски државјани, припадници на ДЕАШ

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска во градот Измир говореше на работилницата за миграција, безбедност и социјално прилагодување во Егејската област.

Во оваа пригода, министерот Сојлу истакна дека Турција, веднаш на почетокот на декември ќе врати назад во нвината матична земја Франција 11 француски државјани, припадници на ДЕАШ, а како што рече како дел од нејзината политика за враќање на странските припадници на терористичката организација ДЕАШ во нивните матични земји.

Велејќи дека моментално бројот на Сиријците кои се вратија во својата земја изнесува 370 илјади, Сулејман Сојлу рече: „Можеби некои оваа бројка не ја сметаат за доволно, меѓутоа важно е тоа што овој тренд на одреден начин се одвива. Од друга страна, се наоѓаме под мошне сериозен притисок на нерегуларни мигранти и оваа состојба постојано се зголемува. Во 2016 имаше 175 илјади, во 2017 176 илјади, во 2018 година 268 илјади. И знаете ли колку изнесува таа бројка во моментов? Минатиот петок изнесуваше 405 илјади, а денес е помеѓу 420 илјади и 430 илјади.“

Нагласувајќи дека продолжува процесот на враќање назад во нивните матични земји на фатените странски терористи, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го додаде следното: „Веднаш на почетокот на декември ќе вратиме во Франција 11 француски државјани, припадници на ДЕАШ“.



Слични вести