Сомалискиот министер за надворешни работи Ахмед Иса Авад: Сомалија нема подобар пријател од Турција

Сомалискиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Ахмед Иса Авад во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека Сомалија нема подобар пријател од Турција

1314128
Сомалискиот министер за надворешни работи Ахмед Иса Авад: Сомалија нема подобар пријател од Турција

Сомалискиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Ахмед Иса Авад во рамките на својата прва официјална посета на Анкара даде изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“.

Авад истакна дека Сомалија нема подобар пријател од Турција.

Велејќи дека неговите билатерални разговори коишто ги остварил со министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу поминале доста продуктивно, Ахмед Исе Авад напомена дека со својот колега Чавушоглу разговарале за прашања за тоа како ќе бидат уште повеќе зајакнати ионака силните односи поемѓу Турција и Сомалија.

Авад рече дека ги донел срдечните поздрави на сомалискиот претседател Мухамед Абдулах Фармаџо и премиерот Хасан Али Хајри до турскиот народ и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за постојаната поддршка на Сомалија во бројни сфери како што се инфраструктурата, човечките ресурси, безбедноста и ступендиите во образованието.

Нагласувајќи го и тоа дека Турција располага со мошне посебно место во срцата на сомалискиот народ, Авад рече: „Турција направи многу за Сомалија. Сомалија нема подобар пријател од Турција. Сомалискиот народ многу добро го знае тоа и срцето и умот на сомалискиот народ е со турскиот народ.“

Сомалискиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Ахмед Иса Авад говореше и за напорите за посредување на Турција помеѓу Сомалија и Сомалиленд.

нагласувајќи дека Сомалиленд е дел од Сомалија, Авад рече: „Турција ни помага во олеснувањето на разговорите помеѓу Сомалија и Сомалиленд. Напорот на Турција се цени и се дочекува со задоволство.“



Слични вести