Шентоп: Турција без двоумење ќе го фрли секој чекор за безбедноста на својот народ и регионот

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Турција без двоумење ќе го фрли секој чекор за којшто смета дека е неопходен за безбедноста на својот народ и регионот

1314210
Шентоп: Турција без двоумење ќе го фрли секој чекор за безбедноста на својот народ и регионот

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп говореше на 42. Конференција на Парламентарната унија на Африка којашто се одржува во Џибути.

Овде, Шентоп истакна дека Турција без двоумење ќе го фрли секој чекор за којшто смета дека е неопходен за безбедноста на својот народ и регионот.

Велејќи дека операцијата Извор на мирот којашто се спроведува против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, ќе продолжи се додека не ја постигне својата цел, Мустафа Шентоп рече: „САД и Русија не ги исполнија целосно своите дадени зборови, ветувања, за тоа дека терористичките елементи ќе се повлечат од подрачјето. Турција ќе ја продолжи својата одлучност и со своето воено присуство се додека формира безбедна зона на својата граница.“

Шентоп воено покажа и реакција против изјавите на САД во однос на противвоздушно одбранбениот систем С-400, во врска со што рече: „САД го изнесуваат предупредувањето за ракетниот систем С-400 којшто Турција го купи 'да не биде употребен'. Турција без двоумење ќе го фрли секој чекор за којшто смета дека е неопходен за безбедноста на својот народ и регионот, без притоа да гледа десно или лево.“

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп до африканските парламентарци го упати повикот дека „Треба да се води заедничка борба против тероризмот“ и го додаде следното: „Треба да бидете будни против продолжетоците на Фетулахистичката терористичка организација „ФЕТО“ за која знаеме дека под различно руво како што се т.н. бавење со образование, здравствени и граѓански организации ги продолжува своите активности во некои африкански земји. Впрочем, оваа организација претставува закана за сите земји во кои делува, а не само за Турција.“



Слични вести