Чавушоглу: „НАТО треба да дејствува така што ќе може да одговори на загриженоста на сите сојузници“

Она што се бара за Балтикот, треба да се бара и за нас

1314327
Чавушоглу: „НАТО треба да дејствува така што ќе може да одговори на загриженоста на сите сојузници“

НАТО треба да се осврне на загриженоста на сите членки на Алијансата, бидејќи Турција го заслужува она што го добиваат и другите региони, изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„НАТО треба да дејствува така што ќе може да одговори на загриженоста на сите сојузници. Она што се бара за Балтикот, треба да се бара и за нас“, рече Мевлут Чавушоглу на прес-конференцијата со премиерот на Регионалната курдска управа на северен Ирак, Менсур Барзани, во главниот град Анкара.

Турција неодамна се соочи со несогласување со НАТО во однос на непризнавањето на заканата со која се соочува Турција поради терористичката ЈПГ/ПКК долж нејзината јужна граница, во северна Сирија.

Чавушоглу додаде дека Турција им укажала и на централната власт на Ирак и на Регионалната курдска управа во северен Ирак за нејзините очекувања во однос на континуираното присуство на терористичките организации ЈПГ/ПКК и ФЕТО, организација која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција.

„Во моментот во Турција има 350.000 Курди, а над 250.000 сириски Курди има во Ирак. Тие не се во можност да се вратат во Сирија затоа што ПКК/ЈПГ ги протера“, додаде тој.

Од друга страна, премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак истакна дека неговата земја се противи на присуството на терористичката организација ПКК во подрачјето на Синџар и во другите делови на Ирак.

Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање на прекугранични терористички напади во Турција.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.



Слични вести