Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК со возило бомба кај Расулајн загинаа 17 цивили

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК-ЈПГ реализира напад со возило во селото Тел Халеф кај градчето Расулајн источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија во кој загинаа 17 лица, а повеќе од 20 се ранети

1313074
Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК со возило бомба кај Расулајн загинаа 17 цивили

Во реализиран напад со возило бомба од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во селото Тел Халеф кај градчето Расулајн, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, животот го загубија 17 лица, а повеќе од 20 се ранети.

На сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е објавено соопштение во врска со нападот.

Во соопштението се истакнува следното: „Терористичката организација ПКК/ЈПГ која во ѕверството не заостанува зад ДЕАШ, ги продолжува нападите со возила бомби врз невините цивили во источниот дел на реката Еуфрат. Убијците на деца овојпат со возило бомба кое го експлодираа во селото Тел Халеф, западно од Расулајн измасакрираа 17 лица, а ранија повеќе од 20 лица.“



Слични вести