Советот за национална безбедност на Турција: Операцијата Извор на мирот ќе продолжи се додека ја постигне својата цел

Советот за национална безбедност соопшти дека операцијата Извор на мирот којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, ќе продолжи се додека ја постигне својата цел

1313128
Советот за национална безбедност на Турција: Операцијата Извор на мирот ќе продолжи се додека ја постигне својата цел

Вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Советот за национална безбедност.

Во објавеното соопштение на крајот на состанокот се нагласува дека се доставени информации до Советот за национална безбедност во врска со борбата којашто се води со елан и одлучност внатре во границите на земјата и надвор преку границата против сите терористички организации на чело со ПКК/ПЈД-ЈПГ, ФЕТО и ДЕАШ кои се закануваат на националното единство, заедништвото и постоењето на Турција.

Советот за национална безбедност соопшти дека операцијата Извор на мирот којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, ќе продолжи се додека ја постигне својата цел.

Во соопштението се наведува дека е направедна проценка на операцијата Извор на мирот со сите нејзини поединости и се вели следното: „Нагласено е дека операцијата којашто придонесува за процесот за воспоставување на средината на мир и стабилност во подрачјето, ќе продолжи се додека ја постигне својата цел и дека се преземаат сите видови мерки за да не им се нанесе било каква штета на цивилите.“

Во истото соопштение им се одделува место и на прашања посветени на Кипар и Иточниот Медитеран во врска со што се изнесува следната констатација: „Беа разгледано регионални и глобални прашања коишто се појавија во овој период, а пред се на Кипар и во Источниот Медитеран; беа доставени информации до Советот во врска со реализираните надворешни контакти.“

Освен тоа во соопштението заземаат место и случувањата во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 и притоа се истакнува дека на состанокот на Советот за национална безбедност жестоко се осудуваат одлуките со кои се признаваат невистинитите тврдења во врска со настаните од 1915 година без никаква историска и правна основа, а воедно се известува меѓународната заедница дека дојде времето да бидат изнесени на виделина вистините.



Слични вести