Претседателот Ердоган најави дека Турција ќе почне со производство на боркарбид

Претседателот Ердоган најави дека Турција ќе почне со производство на боркарбид кој може да се користи како оклоп кај хеликоптерите, авионите, цевките на топовите, војничките униформи

1313702
Претседателот Ердоган најави дека Турција ќе почне со производство на боркарбид

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Конгресниот центар Халич во Истанбул учествуваше на програмата „МУСИАД Визионер’19“. 

Во говорот што го одржа овде, Ердоган истакна дека Турција е земја која внатре располага со потенцијал за големи инвестирања и надвор со многу голем трговски потенцијал. 

Велејќи дека ќе се започне и со производство на боркарбид, претседателот Ердоган рече: "Борот којшто претходно се продаваше само како основна суровина така да неговата додадена вредност беше многу ниска, го зедовме, го преработивме, развивме, го претворивме во производ. И сега започнуваме со боркарбид кој може да се користи како оклоп кај хеликоптерите, авионите, цевките на топовите, војничките униформи."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор исто така информира дека во 2022 година ќе биде ставен во примена и домашниот комуникациски сателит Турксат 6А ( Türksat 6A).



Слични вести