Мевлут Чавушоглу за С-400: Не ги купивме за да ги чуваме во кутија, ние имаме потреба од нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со процесот на купување на С-400 од страна на Турција од Русија, го рече следното: „Еден производ (С-400) не се купува за да се чува во кутија. Ние имаме потреба од него.“

1313384
Мевлут Чавушоглу за С-400: Не ги купивме за да ги чуваме во кутија, ние имаме потреба од нив

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со сомалискиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Ахмед Иса Авад.

По средбата лице в лице двајцата министри одржаа заедничка прес конференција.

Овде, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со процесот на купување на противвоздушно одбранбените системи С-400 од страна на Турција од Русија го рече следното: „Еден производ (С-400) не се купува за да се чува во кутија. Ние имаме потреба од него.“

Во врска со прашањето за купување на американските одбранбени ракетни системи Патриот пак, министерот Чавушоглу истакна дека за прв пат Соединетите Американски Држави (САД) имаат позитивен приод во однос на заедничкото производство и трансферот на технологија.

„Меѓутоа, за тоа нема гаранција.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести