Ибрахим Калин: Претседателот Ердоган ќе даде значајни пораки на самитот на НАТО, во Лондон

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека претседателот Ердоган ќе даде значајни пораки на претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи идната недела во главниот град на Велика Британија, Лондон

1313280
Ибрахим Калин: Претседателот Ердоган ќе даде значајни пораки на самитот на НАТО, во Лондон

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во главниот град на Германија, Берлин, даде изјави за турските новинари во врска со Самитот на НАТО што ќе се одржи идната недела, случувањата во Сирија, односите на Турција со Европската унија (ЕУ), Кипарското прашање и меѓународните напори по прашањето со Либија.

Калин истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе даде значајни пораки на претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи идната недела во главниот град на Велика Британија, Лондон.

Велејќи дека претстојниот самит на НАТО е многу значаен, Ибрахим Калин рече: „Има значајни пораки коишто ќе ги даде нашиот претседател во Лондон. Постојат тези коишто ќе ги изнесе Турција особено во однос на прашања како што се положбата, визијата, одговорностите и приоритетите на НАТО во 21-от век.“

Калин укажа на тоа дека безбедната зона во северниот дел на Сирија и прашањето со миграцијата се следат одблизу во Европа и го рече следното: „По исчистувањето на нашата граница  со Сирија од терористичките организации, и особено по операцијата Извор на мирот, видовме дека пристигнаа реакции од некои западни земји. Им го објаснивме и ќе продолжиме да им го објаснуваме на нашите овдешни соговорници тоа дека (овие реакции) немаат праведна основа и дека таму ние водиме борба против терористичките елементи, а не против тамошните цивили, Курдите или етничките малцинства.“

Нагласувајќи дека од големо значење е да се напредува во политичкиот процес во Сирија и дека по формирањето на Уставотворниот комитет доби поголемо значење и неговата работа, Ибрахим Калин рече: „Во склопот на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2254, по активностите на Уставотворниот комитет за унапредување на политичкиот процес во Сирија се предвидува да се одржат избори. Продолжуваат нашите работи, овде да придонесат ѝ процесот од Астана, ѝ процесот од Женева.“

Од друга страна, Калин напомена дека терористичките организации не мируваат и рече: „Гледаме дека терористичката организација ЈПГ во Камишли, Тел Абјад, Расулајн и во други места извршува провоцирачки/вознемирувачки напади, ѝ против нашите безбедносни сили, ѝ против цивилите. Нашата борба против нив ќе продолжи со одлучност.“

Осврнувајќи се и на односите на Турција со Европската унија (ЕУ), Калин рече: „Не е можно да прифатиме друга алтернатива надвор од полноправно членство. Привилегираното партнерство дојде на дневен ред порано, меѓутоа ние тоа не го прифативме. Односите на Турција со Европа се значајни, ѝ од аспект на нашите економски односи, и од аспект на нашите економски интереси и од аспект на нашата безбедност.“

Калин воедно истакна дека, ѝ земјите на НАТО, ѝ земјите на Европската унија (ЕУ) треба да бидат почувствителни по прашањето на националните безбедносни грижи на Турција.

На дневен ред на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во дадената изјава за турските новинари во главниот град на Германија, Берлин, беше и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Така, велејќи дека Турција располага со политика за формирање на градба на Кипар во која двете заедници ќе располагаат со еднакви права, Калин, напомена дека кипарско-грчката страна пак, го продолжува својот бескомпромисен став.

Во меѓувреме, Ибрахим Калин потсети дека за подготвителната фаза на Конференцијата за Либија за којашто се превдидува да се одржи во главниот град на Германија, Берлин, допатувал овде 3 или 4 пати и дека е постигнат напредок на овие прелиминарни разговори.

„Ние сме на страната на политичко решение во Либија. Особено треба веднаш да бидат сопрени нападите коишто ги започна Хафтер од април наваму.“ - рече Калин.

На едно поставено прашање во врска со тоа кои теми ќе се појават на преден план на средбата што ќе ја оствари германската канцеларка Ангела Меркел на Турција во јануари пак, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин одговори со следните зборови: „Германија е значајна земја за нас. Има бројни прашања за коишто ќе разговараме со Меркел како што се нашите билатерални односи, трговските односи, прашања на ЕУ, миграцијата, регионални прашања, Сирија, НАТО.“



Слични вести