Чавушоглу разговараше телефонски со својот албански колега Гент Џакај

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот албански колега Гент Цакај чија земја вчара рано наутро беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени во кој според последни добиени информации загинаа 24 лица

1313360
Чавушоглу разговараше телефонски со својот албански колега Гент Џакај

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот албански колега Гент Цакај.

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

Не беа споделени инфрмации во врска со содржината на телефонскиот разговор.

Инаку, во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени спроед Рихтер којшто вчера рано наутро (03:55 часот по локално време) го погоди подрачјето на градот Драч во Албанија, според последни добиени информации животот го загубија 24 лица, а повеќе од 600 лица се повредени.

По главниот потрес со јачина од 6,4 степени со епицентар во градот Драч и вториот силен удар од 5,5 степени кај ’Ртот Родон, во катастрофалното подрачје се случија повеќе од 250 последователни потреси.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи беше изразено сочувство до Албанија за загинатите во земјотресот.

Освен тоа, Турција веднаш стапи во акција и почна да испраќа хуманитарна помош за загрозените и свои екипи за пребарување и спасување во погоденото подрачје.



Слични вести