Претседателот Ердоган: Ракетата „Боздоган“ ќе биде внесена во инвентарот на Турските вооружени сили во 2020 година

Претседателот Ердоган истакна дека ракетата „Боздоган“ („Bozdoğan“) ќе биде внесена во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во 2020 година

1312859
Претседателот Ердоган: Ракетата „Боздоган“ ќе биде внесена во инвентарот на Турските вооружени сили во 2020 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), каде што се осврна на низа актуелни прашања.

Ердоган во својот говор стави акцент на националното производство во одбранбената индустрија и истакна дека ракетата „Боздоган“ („Bozdoğan“) ќе биде внесена во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во 2020 година.

Претседателот Ердоган ја сподели информацијата дека успешно е реализирано првото тестирање со истрели на водената национална ракета (проектил) „Боздоган“ во врска со што рече: „Откако ќе бидат завршени тест истрелите од авион ракетата (проектилот) „Боздоган“ во 2020 година ќе биде внесена во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK). Проектилот воздух-воздух која се произведува само од страна а 9 земји во светот, ќе биде монтиран на нашите национални борбени авиони и на Ф-16'ките.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор привлече внимание и на економскиот раст и на јакнувањето на националната валута турската лира.

„Оставете го доларот. Да се вратиме на нашата национална валута, турската лира. Турската лира веќе не доведува до загуба. Нашата националност, нашата сопственост-домашност, да ја покажеме и овде.“



Слични вести