Претседателот Ердоган: Нашата борба не е против Курдите, туку против терористите

Претседателот Ердоган истакна дека и ЈПГ/ПКК/ПЈД е терористичка организација како и ДЕАШ и дека не се води борба против Курдите, туку против терористите

1312714
Претседателот Ердоган: Нашата борба не е против Курдите, туку против терористите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање синоќа од главниот град на Катар, Доха, кадешто престојуваше вчера по повод Петтиот состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар, во авионот направи проценки во врска со актуелниот дневен ред.

Ердоган меѓу другото се осврна и на активностите коишто треба да се реализираат за повторна изградба на населените места исчистени од тероризмот во северниот дел на Сирија.

Претседателот Ердоган истакна дека и ЈПГ/ПКК/ПЈД е терористичка организација како ДЕАШ и дека не се води борба против Курдите, туку против терористите.

„(Таму) Ако ги изградиме овие станови тоа ќе претставува пример за светот. Особено би можеле да фрлиме чекор помеѓу Тел Абјад и Расулајн. Дури и доколку започне изградбата на станови во должина од 120 километри и длабочина од 30 километри, тоа ќе претставува пример во развојот на настаните во врска со бегалците како во Сирија, така и во целиот свет. На ниту едно место во светот не постои примена на еден ваков проект. Ако се оствари ќе се реализира за прв пат овде. Остануваат маѓепсани оние кои ќе ги видат особено становите, болниците, училиштата, верските објекти и социјалните градби. Фрлањето на еден ваков чекор се цени.“ - рече Ердоган. 

Нагласувајќи дека кај Арапската лига (АЛ) постојат извесни погрешни ставови по прашањето на борбата којашто ја води Турција против терористите во северниот дел на Сирија, претседателот Ердоган рече: „Од 4 милиони бегалци во нашата земја 350 илјади се Курди, а 3,5 милиони се Арапи, Езиди, Келдани, Арамејци и од други етникуми. Турција е таа која го носи товарот на сите нив, која има потрошено повеќе од 40 милијарди долари за нив. Ете овие онака како што не го гледат сето тоа што е направено, воедно како припадници на Арапската лига немаат обезбедено ниту еден круш поддршка за ова подрачје. Потоа без срам и здосада ја напаѓаат Турција. Постои една таква вистина.“

Претседателот Ердоган напомена дека ќе биде погрешно да се постави одреден датум за операцијата Извор на мирот и продолжи со следните зборови: „Нашата борба овде не е поврзана со одреден календар. Во вакви воени операции не е можно да се даде одреден датум. Бројот на неутрализираните терористи заклучно со денеска изнесува 1.230. И ние имаме 13 наши војници Мехметчик шехиди, а има 241 шехид и од Сириската национална армија. Бројот на цивилните загуби изнесува 22.“

Ердоган напомена дека приоритет претставува да се стави крај на провоцирачките/вознемирувачки напади на терористичката организација и рече: „Нашата борба не е против Курдите, туку терористите на ПЈД, ЈПГ, ДЕАШ. Ние водиме борба против сиве овие организации. Гледате еден терорист го користи името мазлум Кобани. Овој човек е Ферхат Абди Шахин, тој е терорист кој го користи кодното име Шахин Џило. Немаат крај (има голем број) крвави акции во кои учествувал овој човек. Ја пролеал крвта на стотици луѓе. Тоа им го раскажам со визуелни прикажувања на американскиот претседател Доналд Трамп и на рускиот претседател Владимир Путин.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно додаде дека не станува збор за неупотребување (да не бидат доведени во оперативна состојба) на противвоздушно одбранбените системи С-400 коишто Турција ги купи од Русија и кои станаа причина за затегнатост со САД.



Слични вести