МНР на Турција: Како и секогаш, стоиме покрај Албанија и во оваа катастрофа

МНР на Турција: „Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите во оваа елементарна непогода и до албанскиот народ, на повредените им посакуваме побрзо оздравување. Турција како и секогаш, стои покрај Албанија и во оваа кататстрофа.“

1312991
МНР на Турција: Како и секогаш, стоиме покрај Албанија и во оваа катастрофа

Турција го изрази своето сочувство до Албанија поради загинатите во земјотресот што ја погоди оваа земја рано утрово со јачина од 6,4 степени и во кој според последни добиени информации бројот на загинатите се искачи на 15 лица, а се стравува од зголемување на оваа бројка.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека е дочекана со жалење веста за земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија. 

Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите во оваа елементарна непогода и до албанскиот народ, на повредените им посакуваме побрзо оздравување. Турција како и секогаш, стои покрај Албанија и во оваа кататстрофа.“ 

Во соопштението се нагласува дека од Турција со воен авион се испратени за Тирана една екипа за пребарување и една здравствена (медицинска) екипа, а исто така се подвлекува и следното: „Турција која е во целосна солидарност со албанската Влада и албанскиот народ, е спремна да ја достави секој вид помош од која постои потреба.“



Слични вести