Чавушоглу: „Турција ќе продолжи да ги брани правата на муслиманско-турското малцинство во Грција“

На средбата ја повторивме поддршката на избраниот муфтија на Ѓумулџине, Ибрахим Шериф и муфтијата на Искече, Ахмет Мете

1312995
Чавушоглу: „Турција ќе продолжи да ги брани правата на муслиманско-турското малцинство во Грција“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција ќе продолжи да ги брани правата на муслиманско-турското малцинство во Грција согласно Договорите од Атина и Лозана.

Министерот Чавушоглу и претседателот на Управата за верски прашања на Турција проф. др. Али Ербаш, избраниот муфтија на Ѓумулџине (Комотини) Ибрахим Шериф и избраниот муфтија на Искече (Ксанти) Ахмет мете ги примија во резиденцијата на МНР.

Министерот Чавушоглу во објавата преку профилот на твитер во врска со средбата на која присуствуваше и заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран истакна:

„Турција ќе продолжи да ги брани правата на муслиманско-турското малцинство во Грција согласно Договорите од Атина и Лозана. Ја повторивме поддршката на избраниот муфтија на Ѓумулџине, Ибрахим Шериф и муфтијата на Искече, Ахмет Мете“.



Слични вести