Претседателот Ердоган во посета на Катар

Претсеадтелот Ердоган беше пречекан со официјална церемонија од страна на катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани

1311996
Претседателот Ердоган во посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Катар.

Ердоган беше пречекан со официјална церемонија од страна на катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.

По церемонијата двајцата лидери преминаа на средба лице в лице.

По средбата, ќе се одржи состанок на Високиот стратешки комитет со кој ќе претседаваат претседателот Ердоган и катарскиот емир ал-Тани, а ќе присуствуваат и надлежни министри и високи функционери на двете земји.

На состанокот ќе се разговара за прашања посветени на економијата, туризмот, енергијата, одбраната и заедничките инвестирања.

Во тие рамки, помеѓу двете земји ќе бидат потпишани и низа меморандуми за разбирање и договори.  

Освен тоа, во рамките на посетата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ја посети и турската воена база во Катар и ќе се состане со турските војници (Мехметчик) во оваа земја.



Слични вести