Церемонија во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ по повод 24 Ноември, Денот на учителите

Министерот за национално одбразование Зија Селчук, по повод 24 Ноември Денот на учителите, во придружба на многучлена делегација постави венец на гробот на Главниот учител Ататурк и му беше оддадена почит на големиот лидер

1311335
Церемонија во мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ по повод 24 Ноември, Денот на учителите

Денеска е 24 Ноември, ден кој се слави како Ден на учителите во Турција кои ги едуцираат генерациите кои ја обликуваат т.ј. креираат иднината.

По повод Денот на учителите се одржа церемонија во мавзолејот на основачот на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Министерот за национално одбразование Зија Селчук во придружба на многучлена делегација постави венец на гробот на Главниот учител Ататурк и му беше оддадена почит на големиот лидер.

Министерот Зија Селчук потоа се потпиша во спомен книгата на мавзолејот каде што го напиша следното: „Сите ние како учители кои се вљубени во образованието сме одлучни за иднината на чедата на татковината и во секоја фаза на образованието заедно со нашиот народ со непоколебливост пред ниту една тешкотија, си трпение и во истрајност да го продолжиме овој наш од на патот на честитото образование. Свесни сме дека за да би биле новите генерации продуктивни, ефикасни и успешни во секоја фаза од образованието дека треба да ги опремиме со неопходните знаења. Свесни сме дека нашата Република очекува од нас индивидуи со слободен ум, слободна совест и слободни знаења. Нашата сила ја добиваме од одлучноста на нашиот народ и на вашата личност кои го ставија својот белег на историјата. Почивајте во мир.“



Слични вести