Претседателот Ердоган со порака по повод 24 Ноември, Денот на учителите во Турција

Претседателот Ердоган во пораката по повод 24 Ноември, Денот на учителите истакна дека младите и децата кои ќе одиграат улога во изградбата на спокојна, безбедна и голема Турција во иднина, ќе бидат обликувани и креирани во рацетете на учители

1311281
Претседателот Ердоган со порака по повод 24 Ноември, Денот на учителите во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 24 Ноември, Денот на учителите во Турција.

„Нашата сила која ќе не води кон нашите цели во 2023 година се генерациите кои ја познаваат својата историја, ги присвоиле вредностите на цивилизацијата, кои се динамични, со отворени идеи, продуктивни и кои располагаат со знаење и одговорност“ - констатира претседателот Ердоган во својата порака.

Тој истакна дека учителите кои стануваат модел улога за своите ученици ги обликуваат т.ј. креираат и личноста на учениците и нивниот поглед кон животот и човекот.

Нагласувајќи дека младите и децата кои ќе одиграат улога во изградбата на спокојна, безбедна и голема Турција во иднина, ќе бидат обликувани и креирани во рацете на учителите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката го напиша и следното: „Со младите кои ќе ја присвојат оваа татковина, народот и националната волја (ќе бидат цврсто приврзани кон нив), нашата иднина ќе биде поблескава од било кога досега. Верувам дека, и нашите учители свесни за оваа нивна голема одговорност ќе продолжат да ги исполнуваат своите задачи со свест за извршување на една супериорна задача, земајќи ја притоа за основа љубовта и надлегувајќи ги интересите на нашата земја. Со овие мисли во овој значаен ден кога се отворени националните школи и му е врачена титулата Главен учител на Гази Мустафа Кемал, ја истакнувам мојата благодарност до сите наши учители кои ја извршуваат својата професија внатре во земјата и во странство и им го честитам 24 Ноември, Денот на учителите, на сите наши просветни работници.“



Слични вести