На северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирани операции поддржани од воздух во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1311159
На северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Во реализирани прекугранични операции поддржани од воздух во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 треористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за национална одбрана соопшти дека се реализирани операции поддржани од воздух против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областите Зап и Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак.

Во операциите се неутрализирани вкупно 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои четворица во областа Зап и еден терорист во областа Синат-Хафтанин.

Како што е установено неутрализираните терористи се подготвувале за реализирање на терористички акции.

Операциите прекуграницата во северниот дел на Ирак продолжуваат.

Од друга страна,  Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Тунџели во југоисточниот дел на земјата е започната операцијата „Киран-7 Долина Мунзур“ во која учествува воен персонал составен од 2.250 припадници на специјалните жандармериски и полициски сили.



Слични вести