Министерот Сулејман Сојлу: Терористите стравуваат и се плашат дури и од меѓусебно комуницирање

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК стравуваат дури и од меѓусебно комуницирање

1311275
Министерот Сулејман Сојлу: Терористите стравуваат и се плашат дури и од меѓусебно комуницирање

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу даде изјави во градот Агри кадешто престојуваше во посета во врска со операцијата „Киран-7 Долина Мунзур“ која е започната денеска против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на градот Тунџели.

Сојлу истакна дека терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК стравуваат и се плашат  дури и од меѓусебно комуницирање.

Велејќи „Со елементите на министерството за внатрешни работи презентираме борба. Во моментов терористичката организација стравува и се плаши дури и од меѓусебно комуницирање“, министерот за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Додека претходно кон терористичката организација пристапуваа 5.500 лица, заклучно со оваа година пристапија 108 лива. Воспоставуваме контакт со семејствата, на своите деца им велат 'Веќе не стојте таму, предадете се'. Доаѓаат, се предаваат. Ние оваа година 221 лица со поддршка на семејствата ги убедивме и ги предадовме на правдата.“



Слични вести