Министерот Фатих Донмез: Турција го реализира четвртото дупчење во Источниот Медитеран

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека Турција во моментов го реализира четвртото дупчење во источниот Медитарен

1311059
Министерот Фатих Донмез: Турција го реализира четвртото дупчење во Источниот Медитеран

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез за време на разговорите за буџетот на Министерството за 2020 година пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одговарше на прашањата и критиките на пратениците.

Донмез, осврнувајќи се на активностите на Турција за дупчење (сондажа) во Источниот Медитеран, рече: „Во моментов го реализираме четвртото дупчење во Источниот Медитеран. Ќе продолжиме да бараме се додека не најдеме. Ќе ги браниме до крај и нашите сопствени права и правата на нашите сонародници во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез напомена дека причината за денешниот проблем е бескомпромисниот став којшто го презентира од одамна Кипарско-грчката управа и ја изнесе следната констатација: „Да поминеше Анановиот план тој ден, денеска немаше да ги доживуваме овие дискусии. И покрја тоа што се изнесуваат одредени закани во врска со Источниот Медитеран, против нашата земја и нашите институции, не земаме во предвид ниту една од нив и оваа работа ќе ја водиме до крај.“

 



Слични вести