Мевлут Чавушоглу: Спремни сме за преговори по секое прашање, но не прифаќаме насилно наметнување

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со руските противвоздушно одбранбени системи С-400 истакна дека Турција е спремна да преговара во однос на секое прашање, но напомена дека нема да прифати насилно наметнување

1311273
Мевлут Чавушоглу: Спремни сме за преговори по секое прашање, но не прифаќаме насилно наметнување

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во Јапонија кадешто престојува за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата Г-20 во оваа пригода остварува и низа средби и разговори.

Чавушоглу во Нагоја даде изјава за претставниците на печатот и притоа уште еднаш потсети на ставот на Турција во врска со разговорите коишто се одржуваат со САД по прашањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ги купи од Русија.

Чавушоглу истакна дека Турција е спремна да постигне договор по пат на преговори во однос на секое прашање, но напомена дека нема да прифати насилно наметнување.

Мевлут Чавушоглу рече: „Кој и да е, било која и да е земја. Разговараме за сѐ, секако на основа на почитување на суверените права. Ние секогаш, било со САД, било со другите земји, со ставање во примена на дипломатијата би сакале да постигнеме договор по пат на преговори. Но, не прифаќаме насилно наметнување. И нема да дозволиме да влезат во границата на нашиот суверенитет.“

На едно поставено прашање во врска со дневниот ред на Турција на лидерскиот состанок на НАТО што ќе се одржи на 3 и 4 декември во главниот град на Велика Британија, Лондон, Чавушоглу информира дека ќе биде споделена визијата на Турција по прашањата на проширувањето на НАТО и како ќе треб ада се адаптира Сојузот себе си пред новите закани.

Велејќи дека е постигната согласност по прашањето на заедничкиот трговски договор со Јапонија, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу воедно ја даде и радосната вест дека турските граѓани во Јапонија веќе не треба да доаѓаат во Турција за да земат возачка дозвола и дека своите возачки дозволи можат да ги земат од Јапонија.

„Имаме за цел да ги завршиме до крајот на годината преговорите за турско-јапонскиот договор за економско партнерство.“ - рече Чавушоглу.



Слични вести