Хулуси Акар: Доколку не можат да се добијат Ф-35'ките ќе мораме да бараме други алтернативи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека доколку Турција не може да ги купи борбените авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави (САД) ќе мора се усмери кон други алтернативи

1311037
Хулуси Акар: Доколку не можат да се добијат Ф-35'ките ќе мораме да бараме други алтернативи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше гостин во програмата на катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“ кадешто одговараше на поставените прашања.

Акар потсети дека на средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп којашто ја оствари за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон беше поставено на дневен ред и прашањето со борбените авиони Ф-35.

Хулуси Акар истакна дека доколку Турција не може да ги купи борбените авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави (САД) ќе се усмери кон други алтернативи.

Укажувајќи на тоа дека Турција, како партнер на програмата ги исполнува сите свои одговорности коишто и се паѓаат, Акар рече: „Наше право е и ние да очекуваме од нашите партнери на чело со САД на ист начин да ја покажат оваа чувствителност кон нас, додека ги исполнуваме овие наши одговорности. Нашето очекување е тоа.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде и следното: „Треба да се знае од страна на секого дека доколку на било кој начин не можат да се добијат Ф-35'ките, доколку не биде можно да ги купиме, тогаш секако и ние нромално ќе мораме да влеземе во други потраги.“



Слични вести