Ердоган: Успеавме да ја спасиме нашата земја од подлата игра во која се сакаше да биде вовлечена

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со борбата којашто ја води против целиот свет успеа да ја спаси земјата од подлата игра во која се секаше да биде вовлечена

1311021
Ердоган: Успеавме да ја спасиме нашата земја од подлата игра во која се сакаше да биде вовлечена

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер во населеното место Кираз кај градот Измир учествуваше на вечерата приредена во Ветеринарниот факултет при Универзитетот Девети Септември во организацијата на Општина Кираз.

Ердоган во своето обраќање пред присутните истакна дека Турција со борбата којашто ја води против целиот свет успеа да ја спаси земјата од подлата игра во која се секаше да биде вовлечена.

Велејќи дека се знае оти нападите (економски и терористички) коишто се доживуваат едно по друго во последните години произлегуваат од одлучноста на Турција да се развива од секој аспект, Ердоган рече: „Оние кои не можеа да ја потресат демократијата на Турција, да им наштетат на нејзината безбедност и нејзиното спокојство, да го расипат нашето единство и заедништво, да ја срушат нашата економија, постојано се во нови потраги. Нашиот народ, во единство, слога, заедништво, братство и заедно во целост како Турција, ги распарчува сите стапици коишто ни се поставуваат и продолжува по својот пат.“

Ердоган укажа на тоа дека постојат многу мал број сили (земји) кои би можеле да издржат пред предизвиците коишто ги доживува Турција во изминатите 6 години.

Велејќи „Ние добивајќи ја секоја борба којашто ја водиме против нападите на коишто сме подложени на секој фронт, покажавме дека стоиме цврсто исправени на нашите нозе“, претседателот Ердоган рече: „Сакаа да формираат терористичка држава на северот на Сирија. Ние не им дадовме можност за тоа. Оваа борба ја продолжуваме со нашето сопствено оружје, во нашите сопствени одбранбени системи и со сето тоа нашата економија стои цврсто исправена на нозе.“

Ердоган подвлече дека оние кои сакаат да ја принудат Турција да клекне на колена, и покрај тоа што ги пробаат сите патишта ,не можеа да бидат успешни во тоа.

„Пробаа да предизвикаат хаос на нашите улици, не им дозволивме. Искористувајќи ги терористичките организации се обидоа да ги облеат во крв и пламен нашите градови, станавме чекан врз нивните глави. Искористувајќи ги структурите организирани внатре во државата се обидоа да извршат различни видови државни удари, сите нив ги елиминиравме заедно со нашиот народ. Се обидоа со терористичките организации да ја земат под опсада од југ нашата земја, го распарчивме и тој проект. За доведување во колапс на нашата економија формираа игра во триаголникот курс, каматна стапка, инфлациона стапка, со мерките коишто ги преземавме се справивме и со тоа. За приклештување на Турција во ќош на меѓународна арена ставија во примена илјада и една лага, клевета, искривување на вистината, објаснувајќи ги вистините на секоја платформа ги спречивме и нив. На крај, со борбата што ја водиме против целиот свет успеавме да ја спасиме земјата од подлата игра во која се секаше да биде вовлечена земјата.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести