Турција фати во Азез, во Сирија, бомбаш-челник на ДЕАШ обучувач на самоубиствени напаѓачи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека Турција во градот Азез во Сирија фати бомбаш-челник на терористичката организација ДЕАШ кој обучувал самоубиствени напаѓачи ширум светот, преку интернет

1310716
Турција фати во Азез, во Сирија, бомбаш-челник на ДЕАШ обучувач на самоубиствени напаѓачи

Турските безбедносни сили во градот Азез во Сирија фатија бомбаш-челник на терористичката организација ДЕАШ одговорен за обучување на самоубиствени бомбаши-напаѓачи ширум светот, преку интернет.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека фатениот терорист било лицето по име Јусуф Хуба, познато под кодното име „Ел Насир Убејде“.

Министерот Сојлу ги сподели и деталите во врска со спроведената операција и истакна дека Јусуф Хуба е терорист бомбаш кој убучувал самоубиствени бомбаши-напаѓачи ширум светот, преку интернет.

„Бомбашот-челник на терористичката организација ДЕАШ кој е фатен во Азез, Јусуф Хуба познат под кодното име Ебу Џихад ел Дин Насир Убејде, е влијателен член на организацијата. Познат е по правење бомби и давање обука за бомби. Оваа личност која ги планирала и издала директивите за бомбашкиот напад во Русија во 2018 година и нападот во купопродажниот центар во градот Хамбург во Германија, е лице кое ги обучува бомбашите-напаѓачи на терористичката организација ДЕАШ ширум светот за подготвување на возило бомба, обучување на самоубиствени бомбаши-напаѓачи и атентати со отров.“ - рече Сојлу.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу исто така додаде дека сослушувањето на овој терорист продолжува во Сирија.



Слични вести