Акар: „Окончан сонот за формирање терористички коридор и терористичка држава на северот на Сирија“

Со операциите ја обезбедивме безбедноста на границите. Над 400 илјади сириски бегалци се вратија во своите земј.

1310566
Акар: „Окончан сонот за формирање терористички коридор и терористичка држава на северот на Сирија“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека како резултат на прекуграничните операции, беше „окончан сонот за формирање терористички коридор и терористичка држава на северот на Сирија“.

Во говорот на седницата на Комисијата за планирање и буџет на Големото национално собрание на Турција, министерот Акар по изнесувањето на предлогот за буџетот на министерството за 2020 година, одговараше на прашањата на новинарите.

Акар рече: „Со операциите ја обезбедивме безбедноста на границите. Над 400 илјади сириски бегалци се вратија во своите земји“.

На прашањето: „Дали ќе профункционира воздушно-одбранбениот систем С-400 што го купивме од Русија?“ Акар одговори:

„Да ќе функционира. Кога ќе заврши инсталирањето и обуката, ќе ги оствариме планираните активности“.

Министерот Акар меѓудругото потсети дека 4 од авионите Ф-35 де факто се предадени на Турција, а еден чека во гаражата да биде предаден.

Акар во продолжение рече дека се определени и местата на авионите Ф-35 во Малтаја каде што ќе бидат стационирани и потсети дека на последната средба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп беше усвоена одлука за формирање заеднички комитет.



Слични вести