Во операција со наоружани беспилотни летала кај Ајн ел-Араб се неутрализирани 7 терористи на ЈПГ/ПКК

Наоружани беспилтони летала (СИХА) неутрализираа 7 терористи на ПКК/ЈПГ во руралното подрачје на градчето Ајн ел-Араб, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1309898
Во операција со наоружани беспилотни летала кај Ајн ел-Араб се неутрализирани 7 терористи на ЈПГ/ПКК

Во реализирана воздушна операција од страна на наоружани беспилотни летала (СИХА) во руралното подрачје на градчето Ајн ел-Араб се неутрализирани 7 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК/ЈПГ кои извршуваат напади врз единиците на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Со средства за извидување и набљудување во руралното подрачје на Ајн ел-Араб се утврдени 7 терористи на ПКК/ЈПГ кои извршуваат напади врз нашите единици во подрачјето на операцијата Извор на мирот и тие се неутрализирани со наоружани беспилоотни летала (СИХА).



Слични вести