Почина Јашар Бујуканит, поранешен началник на Генералштабот на Турцијa

Утрово на 79 годишна возраст почина поранешниот 25-ти началник на Генералштабот на Турција пензионираниот генерал на армија Јашар Бујуканит кој извесно време беше болен и се наоѓаше на лекување во болница

1310276
Почина Јашар Бујуканит, поранешен началник на Генералштабот на Турцијa

Почина поранешниот 25-ти началник на Генералштабот на Турција пензионираниот генерал на армија Јашар Бујуканит.

Бујуканит кој извесно време беше болен и се наоѓаше на лекување во болница, почина утрово.

Пензионираниот генерал на армија Јашар Бујуканит кој почина на 79 годишна возраст пред 4 дена ја изгуби својата сопруга Филиз Бујуканит.

Поради болеста, Бујуканит не можеше да учествува на погребната церемонија на својата сопруга.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со блиските на починатиот поранешен пензиониран началник на Генералштабот генерал на армија Јашар Бујуканит, до кои го изрази своето сочувство.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во остварениот телефонски разговор му посакал милост од Аллах на покојниот Јашар Бујуканит и го изразил своето сочувство до членовите на неговото семејство и им посакал трпение.



Слични вести