Одговор од Чавушоглу до претседателот на ЕП Сасоли: Тоа е нов пример на неискрениот и дволичен став на ЕУ

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу рече: „Споделувањето на прашањата коишто претседателот на Европскиот Парламент не може да ми ги каже директно в лице како да се вистина, претставува нов пример на неискрениот и дволичниот став на ЕУ“

1309817
Одговор од Чавушоглу до претседателот на ЕП Сасоли: Тоа е нов пример на неискрениот и дволичен став на ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на изјавата на претседателот на Европскиот Парламент (ЕП) Давид Сасоли којашто ја даде по вчерашната одржана средба во главниот град на Белгија, Брисел, одговори преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер. 

Чавушоглу во својата споделена објава напиша: „Споделувањето на прашањата коишто претседателот на Европскиот Парламент не може да ми ги каже директно в лице како да се вистина, претставува нов пример на неискрениот и дволичниот став на Европската унија (ЕУ). Жалам поради тоа што една личност која ги претставува европските народи ја искривоколчува содржината на одржаната средба во една институција на Европската унија (ЕУ).“

Инаку, претседателот на Европскиот Парламент (ЕП) Давид Сасоли во објавеното соопштение по остварената средба со министерот за надворшени работи МевлуТ Чавушоглу вчера во Брисел, изнесе низа критики во врска со операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија и активностите за дупчење на Турција во Источниот Медитеран, при што тврдеше дека сето тоа му го доставил и на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести