Нова испорака на оклопни борбени возила на границата со Сирија

На границата со Сирија кај градот Килис се испратени нови дополнителни оклопни борбени возила како зајакнување на воените единици распоредени на границата

1310446
Нова испорака на оклопни борбени возила на границата со Сирија

Од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се испратени дополнителни оклопни борбени возила со гасеници како засилување на воените единици распоредени на границата со Сирија.

Шлепери натоварени со оклопни борбени возила коишто претходно од воените единици од  различни градови на Турција беа испратени во градот Килис, поминувајќи низ населеното место Елбејли под безбедносни мерки тргнаа кон турско-сириската граница кај Онџупинар.

Како што се дознава оклопните борбени возила се испратени како зајакнување на турските воени единици распоредени на границата со Сирија кај градот Килис.



Слични вести