Ердоган: Турција според земјоделското производство е на седмо место во светот и прва во Европа

Претседателот Ердоган истакна дека Турција според земјоделското производство е на седмо место во светот и прва во Европа

1310427
Ердоган: Турција според земјоделското производство е на седмо место во светот и прва во Европа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на 3. Совет за земјоделство и шумарство на Турција кој се одржа во Конргесниот и културен центар „Миллиет“ („Народ“) во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Ердоган истакна дека Турција според земјоделското производство е на седмо место во светот и прва во Европа.

„Ние сме лидери во светот во производството на лешници, цреши, кајсии и дуњи. Реализираме извоз на 1.690 земјоделски производи во 195 земји.“ - рече Тој.

Подвлекувајќи го и тоа дека во главниот град Анкара со капацитет од 250 илјади примероци е ставена во употреба третата по големина ген банка за семе во светот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Нашиот извоз на семе со 11 кратно зголемување го покачивме на 102 илјади тони, а нашиот извоз го зголемивме на 152 милиони долари.“

 

 

 

 



Слични вести