Фахреттин Алтун: Никако не може да се легитимизира окупацијата на палестинските територии

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на последната изјава на државниот секрертар на САД Мајк Помпео реагираше со зборовите „Никако не може да се легитимизира окупацијата на палестинските територии“

1310019
Фахреттин Алтун: Никако не може да се легитимизира окупацијата на палестинските територии

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, истакна дека Турција го поддржува мирољубивото решение за израелско-палестинскиот конфликт на основа на формирање на две држави и постојано стои покрај Палестинците, а е против секој вид мерка со којашто се прекршува меѓународното право и се спречува праведното решение.

Покажувајќи реакција против одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со илегалните еврејски населби, Алтун во својата објава напиша: „Активностите на Израел за изградба населби во Палестина, независно од политиката на САД, се во спротивност со меѓународното право и човечката свест. Протерувањето на Палестинците од нивните територии претставува ужасно прекршување на меѓународните норми и никако не може да се легитимизира окупацијата на палестинските територии.“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека веќе не ги оценуваат за илегални еврејските населби на окупираниот Западен Брег.

Велејќи дека со управата на Доналд Трамп е промената политиката од времето на Барак Обама кон еврејските населби на Западниот Брег, Помпео застана во одбрана на тоа дека приодот којшто долги години го покажуваат САД во врска со случувањата на Западниот Брег не вредеше за воспоставување на мирот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео воедно истакна дека управата на 39-от претседател на САД Џими Картер во 1978 година застануваше во одбрана на тоа дека иницијативите на Израел за изградба на цивилни населби не се во согласност со меѓународното право, меѓутоа потсети дека управата на 40-от претседател на САД Роналд Рејган се противеше на тоа.



Слични вести