Во операцијата Канџа-3 елиминирани уште 5 терористи на ПКК

Во операцијата на подрачјето Хафтанин на северот на Ирак, од страна на вооруженото беспилотно летало беа неутрализирани уште 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1309254
Во операцијата Канџа-3 елиминирани уште 5 терористи на ПКК

Во вчерашната операција Канџа-3 на Турските безбедносни сили на подрачјето Хафтанин на северот на Ирак беа неутрализирани уште 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во известувањето кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана на профилот на твитер, беше истакнато следното:

„Во вчерашната операција Канџа-3 на Турските безбедносни сили на подрачјето Хафтанин на северот на Ирак, од страна на вооруженото беспилотно летало беа неутрализирани уште 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се подготвуваа за терористичка акција“.

Од друга страна пак во рамките на вчерашната операција на истото подрачје со поддршка на воздушните сили беа неутрализирани уште 10 терористи, приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството, во вчерашната операција Канџа-3 на Турските безбедносни сили која продолжува во подрачјето беа неутрализирани уште 10 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои заедно со тешкото оружје и муницијата, а кои се подготвуваа за терористичка акција.



Слични вести