Ердоган: „Резултатите во низа прашања претставуваат голем успех“

Турција нема никакви тешкотии во справувањето со заканите од надвор

1309587
Ердоган: „Резултатите во низа прашања претставуваат голем успех“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека постигнатите резултати во низа прашања како што се ирачкото, сириското, источномедитеранското, прашањето со бегалците и другите се голем успех.

Претседателот на државата и претседател на АК партијата Реџеп Тајип Ердоган во говорот на состанокот на претседателите на градските ограноци на партијата во проширен состав се осврна на низа прашања од безбедносното, економијата, борбата против тероризмот на различни фронтови и друго.

„Турција нема никакви тешкотии во справувањето со заканите од надвор. Без оглед на тоа дали се работи на терен или на маса. Успешно ги надминуваме сите потфати и пречки кои ќе се постават на патот на иднината на нашата земја и народот. Ни ги изнесоа терористите, кои ги згмечивме. Вршат провокации на нашите граници, ние влегуваме во нивните извори и ги уништуваме. Вршат напади врз нашата економија, ние за кратко време закрепнуваме и продолжуваме по зацртаниот пат“ рече Ердоган.



Слични вести