Ердоган: Турција е значајна туристичка дестинација и бројот на туристи оваа година ќе изнесува над 50 милиони

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е значајна туристичка дестинација во светот и дека бројот на туристи оваа година ќе изнесува над 50 милиони

1307671
Ердоган: Турција е значајна туристичка дестинација и бројот на туристи оваа година ќе изнесува над 50 милиони

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свечено ставање во употреба центрите за социјално осигурување во Фатих, Силиври, Топкапи и Зејтинбурну, во кампусот Топкапи во Истанбул на Институцијата за социјално осигурување (СГК).

Ердоган истакна дека каматните стапки коишто опаднаа на ниво од 13,5 отсто уште повеќе ќе опаднат, а воедно нагласи дека и инфлационата стапка во 2020 година ќе опадне на едноцифрени бројки.

Ердоган истакна дека Турција е значајна туристичка дестинација во светот и дека бројот на туристи оваа година ќе изнесува над 50 милиони.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на својата посета на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со што го рече следното: „Ја следевте последната посета на Америка и разговорите коишто ги остваривме во оваа посета на Америка, резултатите коишто ги постигнавме и успехот на нашите војници Мехметчик особено што го постигна на северот на Сирија во операцијата Извор на мирот и таа борба што ја добивме, става до знаење се. Кога овој народ ќе поверува во нешто ќе успее во тоа.“

 



Слични вести