Ибрахим Калин: Почна со работа заедничкиот механизам со САД за С-400 и Ф-35

Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека почна со работа заедничкиот механизам со САД за противвоздушно одбранбените системи С-400 и борбените авиони Ф-35

1307581
Ибрахим Калин: Почна со работа заедничкиот механизам со САД за С-400 и Ф-35

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин синоќа беше гостин во програмата во живо на екраните на ТРТ Хабер каде што направи значајни проценки во однос на актуелниот дневен ред.

На едно поставено прашање во однос на тоа каква работа ќе се води во врска со решавањето на прашањата со С-400 и Ф-35, Ибрахим Калин истакна дека почна со работа заедничкиот механизам со Соединетите Американски Држави во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400 коишто ги купи Турција од Русија.

Калин рече: „На средбата во Белата куќа, двајцата претседатели не задолжија мене и советникот за национална безбедност на САД Роберт О'Брајан. Во моментов ние започнуваме една работа (заеднички механизам), па дури таа работа ја започнавме од денеска.“

Појаснувајќи дека оваа работа ќе се води на билатерално ниво, а не во координација со НАТО, Калин наведе дека системот С-400 ќе може да се користи самостојно беа да биде интегриран во одбранбениот систем на НАТО.

Ибрахим Калин напомена дека Турција сака да купи и Патриот и рече дека овие два системи можат да се користат без притоа да претставуваат закана еден против друг.

На прашањето „Дали доколку на крајот од работите не се дојде до одредена точка може да стане збор Турција да не го активира системот С-400“, Калин одговори: „Не, моментално не станува збор за такво нешто. И нашиот претседател таму тоа го кажа отворено. Договорите се склучени, се дојде до одредена точка. Нема отстапка од С-400. Не станува збор да направиме отстапка.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се осврна и на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на САД во врска со што рече: „Од наш аспект посетата помина успешно. Турција отворено, јасно ги изнесе своите тези. Направивме сериозна подготовка пред да отидеме. Станавме сведоци на тоа што од страна на САД беа употребени зброови од видот на тоа 'ни ги расипавте плановите'.“

Калин воедно го додаде и тоа дека рускиот претседател Владимир Путинво првата половина на месец јануари се очекува да ја посети Турција и да се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести