Столтенберг: Турција е драгоцен сојузник и нејзината улога во борбата против тероризмот е значајна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција е драгоцен сојузник и нејзината улога во борбата против тероризмот е значајна

1306834
Столтенберг: Турција е драгоцен сојузник и нејзината улога во борбата против тероризмот е значајна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Белата куќа се состана со американскиот претседател Доналд Трамп по што даде изјава за новинарите.

Столтенберг им честита на САД оиради убивањето на челникот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади и го сподели следниот свој поглед: „Тоа претставува мошне значаен развој во борбата против меѓународниот тероризам.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција е драгоцен сојузник и нејзината улога во борбата против тероризмот е значајна. 

Укажувајќи на потребата од изнаоѓање на политичко решение за кризата во северниот дел на Сирија, Столтенберг го рече следното: „Треба да прифатиме дека Турција е наш сојузник кој е подложен на најмногу терористички напади и кој е домаќин на 3,6 милиони сириски бегалци. Да, постојат бројни размислувања во однос на присуството на Турција во северниот дел на Сирија, меѓутоа Турција истовремено е наш драгоцен сојузник и нејзината улога во борбата против тероризмот е значајна.“

Столтенберг напомена дека се дочекуваат со задоволство разговорите коишто продолжуваат по прашањето на одбранбените системи помеѓу Турција и САД, вклучувајќи ги и оние во врска со ракетните системи Патриот.



Слични вести