Продолжуваат активностите за уништување на мините и експлозивните направи во Расулајн, во Сирија

Продолжуваат активностите за утврдување и чистење на мините и експлозивните направи од рачна изработка за да би се вратило безбедно во своите домови цивилното население во областите коишто со операцијата Извор на мирот се спасени од терористите на ЈПГ/ПКК

1307059
Продолжуваат активностите за уништување на мините и експлозивните направи во Расулајн, во Сирија

Војниците на Сириската национална армија (СНА) кои ги продолжуваат активностите за пребарување на теренот во градчето Расулајн, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, кое инаку со операцијата на Турција Извор на мирот е ослободено од тероризмот, ги утврдуваат (пронаоѓаат) и уништуваат поставените стапици со мини и експлозивни направи во населените места од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Продолжуваат активностите за утврдување и чистење на мините и експлозивните направи од рачна изработка за да би се вратило безбедно во своите домови цивилното население во областите коишто со операцијата Извор на мирот се спасени од терористите на ЈПГ/ПКК.    

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК пред да се повлече од градчето Расулајн и неговото рурално подрачје кое се наоѓа веднаш на спротивната страна на населеното место Џејланпинар кај градот Шанлиурфа на турска страна на границата, во голем број куќи постави стапици со мини, бомби и различни други видови експлозивни направи.

Во тие рамки, војниците на Сириската национална армија (СНА) на безбеден начин далеку од цивилите ги уништуваат експлозивните направи од рачна изработка, мините и бомбите кои што ги утврдуваат во областите коишто се ослободени од терористите.



Слични вести