Порака со честитка од Ердоган по повод 36. годишнина од формирањето на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Ердоган објави порака по повод 36. годишнина од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во која напиша: „Ќе го вложиме секој вид обид за виорење со гордост на знамето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“

1306773
Порака со честитка од Ердоган по повод 36. годишнина од формирањето на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 36. годишнина од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Ердоган во пораката истакна дека со почит се сеќаваме на нашите честити шехиди (загинати) кои ги положија своите животи за независноста на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и ја изрази својата благодарност до оние кои имаа заслуга во развојот, просперитетот и достигнувањето до денешни денови на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во текот на 36 години, на чело со нејзиниот основачки претседател покојниот Рауф Денкташ. 

Претседателот Ердоган рече: „Ќе го вложиме секој вид обид за виорење со гордост на знамето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Истакнувајќи дека и покрај секој вид притисок и закана, териториите на коишто кипарските Турци живеат слободно, денеска, се дело на епскиот отпор што го покажаа рака за рака, рамо за рамо кипарските турски борци (Муџахиди) и турските војници (Мехметчик), Ердоган, ја изнесе следната констатација: „Моите кипарски турски браќа својата држава којашто ја формираа со голема борба и самопожртвуваност, ја крунисаа со своите успеси кои ги постигнаа во демократијата и економијата. Меѓутоа, напорите коишто ги вложуваат за да се постигне праведно, трајно и одржливо политичко решение, за жал не добија одговор во јужниот дел на Кипар."

Претседателот Ердоган нагласи дека кипарско-грчката страна заедно со тоа што не сака да го сподели островот со кипарско-турскиот народ на основа на политичка еднаквост, постојано ги поткопува и напорите за решение. 

Тој напомена дека се инсистира на продолжување на изолацијата кон кипарските Турци кои до денеска го покажаа секој вид потребно олеснување за изнаоѓање на политичко решение.

Велејќи „Апсолутно нема да се дозволи особено да бидат насилно одземени правата со коишто располагаат кипарските Турци над јаглеводородните извори во Источниот Медитеран“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, го додаде следното: „Во рамките на нашите историски и договорни обврски ќе го вложиме секој вид обид за виорење со гордост на знамето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како на копното така и во морињата и на небото.“


 



Слични вести