Министерството за национална одбрана го осуди нападот во кој беше убиен еден ерменски свештеник во Сирија

„Со големо жалење го дочекавме убиството во еден гнасен терористички напад на свештеникот на ерменската католичка црква Ховсеп Бедојан и неговиот татко“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана

1307148
Министерството за национална одбрана го осуди нападот во кој беше убиен еден ерменски свештеник во Сирија

Министерството за национална одбрана на Турција го осуди терористичкиот напад во подрачјето под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, во кој беа убиени свештеникот на ерменската католичка црква Ховсеп Бедојан и неговиот татко кои патувале од градчето Камишли кон градот Деир ез-Зор.

Во споделената објава на сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Со големо жалење го дочекавме убиството во еден гнасен терористички напад на свештеникот на ерменската катиличка црква Ховсеп Бедојан и неговиот татко. Најжестоко го осудуваме овој подол терористички напад којшто има за цел да спречи да дојде мирот во подрачјето.“

 



Слични вести