Фахреттин Алтун напиша статија за „Вашингтон Ексаминер“: Вашингтон не треба да биде домаќин на еден терорист

Фахреттин Алтун во статијата напиша дека САД не треба да бидат домаќин на еден терорист како лицето по име Ферхат Абди Шахин (Мазлум Кобани) и нагласи дека тоа претставува кривично дело според законите на САД и ќе им наштети на односите на Турција и САД

1307333
Фахреттин Алтун напиша статија за „Вашингтон Ексаминер“: Вашингтон не треба да биде домаќин на еден терорист

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун напиша статија за американскиот весник „Вашингтон Ексаминер“ („The Washington Examiner“) чиј наслов гласи:  „Вашингтон не треба да биде домаќин на еден терорист“. 

Алтун во оваа своја статија покажа реакција на тоа што челникот на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК/ПЈД/СДФ терористот Ферхат Абди Шахин познат под кодното име „Мазлум Кобани“ пред извесно време беше поканет во САД.

Тој истакна дека САД не треба да пречекаат еден терорист и нагласи дека тоа претставува кривично дело според законите на САД и ќе им наштети на односите на Турција и САД.

„Срамно е тоа што Абди Шахин се увеличува во американските медиуми како 'таканаречен командант на ЈПГ за која се наведува дека води борба против ДЕАШ во Сирија'. Минатото на Абди Шахин со ПКК кое што се протега до десетици години наназад, е во својство на отворен доказ за тоа дека не постои одредена разлика помеѓу ЈПГ и ПКК.“ - рече Алтун.

Фахреттин Алтун потсети дека Ферхат Абди Шахин е раководител на ПКК и го постави следното прашање: „Зошто пратениците на САД му постилаат црвен тепих на челникот на една терористичка организација по кого се трага со црвена потерница?“

„Освен изјавите на членовите на ПКК, разговорите со токи воки утврдени од страна на Турските безбедносни сили и безброј други докази, се истакнува дека терористот Абди Шахин е извршител на голем број терористички напади.“ - рече Алтун.

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека без оглед на тоа кој стои во позадината на терористите, Турција ќе продолжи да води борба против тероризмот и го подвлече следното: „Се надеваме дека пратениците на САД ќе покажат дека во Вашингтон нема место за терористи.“



Слични вести