Чавушоглу: Од нашите коалициони партнери во борбата против ДЕАШ очекуваме да се оградат од ПЈД/ЈПГ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција очекува од своите партнери во Коалицијата за борба против ДЕАШ да се оградат од ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1307165
Чавушоглу: Од нашите коалициони партнери во борбата против ДЕАШ очекуваме да се оградат од ПЈД/ЈПГ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Коалицијата за борба против ДЕАШ којшто се одржа во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон.

Во говорот што го одржа овде министерот Чавушоглу им честита на САД поради убиството на челникот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади и притоа нагласи дека и Турција одигра значајна улога во убиството на Багдади.

Чавушоглу истакна дека Турција очекува од своите партнери во Коалицијата за борба против ДЕАШ да се оградат од ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека Турција во рамките на својата борба против ДЕАШ во иднина усвои приод од три етапи, Мевлут Чавушоглу нагласи дека првата од нив да се зголеми безбедносната и разузнавачката соработка, вклучувајќи го и тоа да се обезбеди да бидат вратени во нивните матични земји странските терористички борци и членовите на нивните семејства.

Чавушоглу рече: „Нашиот регион не претставува депонија за отпад за странските терористички борци и не треба да е така. Одземањето на нивното државјанство (на овие терористи) освен тоа што не ја воспоставува безбедноста, не ги спасува ниту овие земји од одговорност.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека втората етапа на приодот на Турција е да се утврдат основните причини на појава на идеологијата на ДЕАШ и продолжи со следните зборови: „Како трето пак, коалицијата треба да работи со легитимни локални партнери. ПЈД/ЈПГ е терористичка формација и треба да се третира како таква. Од нашите коалициони партнери очекуваме да се оградат од ПЈД/ЈПГ.“

Велејќи дека благодарение на операцијата Извор на мирот пропадна сонот на ПЈД/ЈПГ за формирање една терористичка државна структура во северниот дел на Сирија, Чавушоглу додаде дека со оваа операција е даден придонес за воспоставување на територијалниот интегритет и единството на Сирија и дека е оддалечена терористичката закана која е насочена против Турција и која долго време како постои.



Слични вести