Ердоган: Не станува збор да се откажеме од руските С-400 и целосно да се усмериме кон Патриотите

Претседателот Ердоган на враќање од посетата на САД во авионот изјави дека не станува збор за откажување од руските С-400 и усмерување кон американските Патриоти

1306743
Ердоган: Не станува збор да се откажеме од руските С-400 и целосно да се усмериме кон Патриотите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од САД во авионот даде изјави за новинарите. 

Ердоган истакна дека не може да стане збор за нешто од видот да се откажеме од руските противвоздушно одбранбени системи С-400 и целосно да се усмериме кон американските системи Патриот.

Нагласувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е во искрен обид за решавање на проблемите помеѓу Турција и САД на основа на взаемно почитување и националните интереси, претседателот Ердоган рече: „Средините кои се против Трамп се во интензивен обид за влошување на нашите односи.“

Ердоган се осврна на потребата на Турција од противвоздушно одбранбени системи и го рече следното: „Рековме дека можеме да ги купиме и Патриотите (од САД). Предлогот додека ги купуваме нив целосно да ги кренеме С-400 (кои се купени од Русија) го сметаме како иницијатива над нашите права на сувереност. Не може да стане збор за нешто од видот да се откажеме од С-400 и целосно да се усмериме кон Патриот. Рековме да ги купиме и Патриотите. Но, ќе ги купиме и С-400."

По прашањето на заедничкото производство и испораката на Турција на борбените авиони Ф-35 пак, претседателот Ердоган рече: „Ги назначивме надлежните и се надевам дека на крајот од работите ќе добиеме позитивни резултати. Приодите на Трамп ги согледав како позитивни и конструктивни.“

Во врска со односите со САД, Ердоган рече: „Патот за надминување на разликите во погледите е дијалогот кој ќе се потпира на правите (точните) информации. Нашите работи во оваа сфера ќе ги продолжиме непрестано.“

Осврнувајќи се на прашањето на предавање на челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Разговорите помеѓу министерствата за правда се уште продолжуваат, ќе продолжат. Ќе следиме неуморно, без здосада. На сите сенатори им дадовме една детална книга во врска со она што го направи ФЕТО. Веднаш откако ќе се вратиме ќе испратиме еден цел комплет.“

Во врска со ерменското прашање и настаните од 1915 година пак, Ердоган рече: „Им дадов детални информации и на господинот Трамп и на сенаторите со кои се сретнавме во Белата куќа и им појаснив дека политизирањето на историските настани претставува голема грешка.“

Претседателот Ердоган по прашањето на безбедната зона во Сирија рече: „Ќе го видиме ставот на земјите на НАТО. Ако добиеме позитивен приод во прва етапа би можеле да фрлиме чекор во врска со мировниот коридор во северниот дел.“

Говорејќи во врска со враќањето на писмото на Трамп коешто наиде на голема реакција во Турција, Ердоган истакна дека Трамп не покажал одредена реакција по ова прашање.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган направи проценка и на изјавите на американскиот сенатор Линдзи Грахам во врска со што рече: „Јас нему му го кажав неопходното. Денеска ја доби својата лекција.“



Слични вести