Ердоган и Трамп со оптимистички изјави за остварените разговори во Белата куќа

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна да отвори една нова страница со САД, додека американскиот претседател Трамп рече дека е остварена една продуктивна и извонредна средба со претседателот Ердоган

1306101
Ердоган и Трамп со оптимистички изјави за остварените разговори во Белата куќа
Cumhurbaşkanı Erdoğan- ABD Başkanı Donald Trump.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Соединетите Американски Држави (САД) каде што отпатува во работна посета по остварената средба лице в лице со американскиот претседател Доналд Трамп и меѓуделегациските разговори одржа заедничка прес конференмција со претседателот Трамп, во Белата куќа, во Вашингтон.

Претседателот Ердоган истакна дека усвоената одлука во Претставничкиот дом на САД на 29 октомври (за признавање на ерменските тврдења за наводен геноцид) го повредија турскиот народ.

Ердоган рече дека челото и главата на Турција се исправени и нејзината самодоверба е целосна по прашањето на тврдењата за геноцид над Ерменците.

„Се уште важи нашиот предлог до ерменската страна за истражување на ова прашање со заедничка историска комисија“ - рече Ердоган.

Тој воедно напомена дека одлуката за настаните (наводниот геноцид) за коишто  вели дека се случиле пред 104 години во услови на војна треба да се донесе од страна на историчарите, а не од страна на политичарите.

Истакнувајќи го и тоа дека Турција ја продолжува својата приврзаност кон постигнатата спогодба за изнаоѓање на трајно решение за кризата во Сирија, Ердоган рече: „Најдоверливиот партнер на САД по ова прашање во регионот е Турција“.

Претседателот Ердоган подвлече дека со Трамп ја изразија взаемната волја во борбата против терористичките организации кои и се закануваат на националната безбедност на Турција, а воедно го повтори и барањето да се стави крај на присуството на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во САД.

Ердоган исто така го додаде и тоа дека доколку се достави погодна понуда Турција би можела од САД да купи и ракети Патриот.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека Турција е одлучна да отвори една нова страница во односите со Соединетите Американски Држави (САД), во усогласеност со вкоренетата врска на сојузништво помеѓу двете земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, му се заблагодари на претседателот Ердоган за остварената посета и истакна дека е остварена „продуктивна и извонредна средба“ на која беше разговарано за билатералните односи, а пред се за сириското прашање, ракетно одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија и зголемувањето на терговскиот обем на 100 милијарди долари.

Трамп исто така истакна дека е вложен интензивен обид за решавање на проблемот со Ф-35 и му се заблагодари на претседателот Ердоган за соработката во борбата против ДЕАШ.

Американскиот претседател Доналд Трамп воедно додаде дека соузништвото на двете земји е значајна сила за НАТО и Блискиот исток.



Слични вести