Претседателот Ердоган на средба со претседателот Трамп во Белата куќа, во Вашингтон

Претседателот Ердоган во Белата куќа во Вашингтон беше пречекан со официјална церемонија од страна на американскиот претседател Доналд Трамп

1306042
Претседателот Ердоган на средба со претседателот Трамп во Белата куќа, во Вашингтон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД) во Белата куќа во Вашингтон беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Трамп.

Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган пред Белата куќа беа пречекани од страна на Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп.

Двајцата лидери пред средбата дадоа куса изјава за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган овде накусо истакна дека деталната изјава ќе ја даде на заедничката прес конференција којашто ќе се одржи по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори.

Домаќинот, американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека долго време се пријатели со претседателот Ердоган и му се заблагодари на Ердоган како што рече „поради сработеното (активностите) на турско-сириската граница“.

Трамп потсети дека Турција во последно време (во Сирија) фати повеќе од 100 терористи, членови на терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи „Ќе го развиеме нашиот трговски обем со Турција“, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека исто така ќе бидат разменети мислења и по прашањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 коишто Турција ги купи од Русија и проектот на борбените авиони Ф-35.

Средбата лице в лице помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп траеше 1 час и 15 минути.

По средбата, под претседателство на двајцата лидери Ердоган и Трамп започнаа меѓуделегациските разговори.

По разговорите Ердоган и Трамп ќе одржат заедничка прес конференција.



Слични вести