Од претседателот Ердоган до сенаторите и претседателот Трамп: Тие кои вие ги нарекувате Курди се терористички организации, ограноци на ПКК

Претседателот Ердоган одржа состанок во Белата куќа на кој освен американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваа и некои Републикански Сенатори

1306092
Од претседателот Ердоган до сенаторите и претседателот Трамп: Тие кои вие ги нарекувате Курди се терористички организации, ограноци на ПКК

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата работна посета на Соединетите Американски Држави (САД) по остварената средба лице в лице со американскиот претседател Доналд Трамп и меѓуделегациските разговори со кои претседаваа заедно со Трамп, во Белата куќа одржа состанок на кој присуствуваа и некои Републикански сенатори.

Овде претседателот Ердоган нагласи дека групата која некои функционери меѓу кои се наоѓа и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, ја дефинираат (нарекуваат) како Курдска група, всушност е сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На едно поставено прашање на состанокот, Ердоган напомена дека Турција која Курдите ги смета за свои браќа е земја во која се наоѓа (живее) најбројно курдско население.

Нагласувајќи дека во времето на поранешниот американски претседател Барак Обама од Сирија во Турција се иселија (мигрираа) 350 илјади Курди, претседателот Ердоган рече: „Меѓутоа, тие кои вие ги нарекувате Курди, се ПЈД-ЈПГ. Тоа се терористички организации и ограноци на ПКК.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, исто така истакна дека терористот под кодно име Мазлум Кобани (на кого Трамп претходно му се обрати како генерал) му е присвоен син на челникот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Ердоган додаде дека се подготвени плановите и проектите за сместување на 1 милион бегалци во време од 6 месеци и 2 години во безбедната зона за којашто се планира да се формира на сириска страна на границата.

Потоа, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп преминаа на заедничка прес конференција.



Слични вести