Турција го собори Гинисовиот рекорд во најмногу засадени фиданки за еден час: Во Чорум за еден час се засадени 303.150 фиданки

Вчера во градот Чорум за еден час беа засадени 303.150 фиданки со што беше соборен Гинисовиот рекорд во најмногу засадени фиданки за еден час

1304987
Турција го собори Гинисовиот рекорд во најмногу засадени фиданки за еден час: Во Чорум за еден час се засадени 303.150 фиданки
fidan
corum agac fidan rekor.jpg

Турција вчера го собори Гинисовиот рекорд на најмногу засадени фиданки за еден час, кој претходно ѝ припаѓаше на Индонезија.

Вчера во цела Турција беше организирана акција за пошумување, чија цел беше на 2.023 локации во 81 град низ земјата да бидат засадени вкупно 11 милиони фиданки.

Една од тие локации беше и градот Чорум каде што за еден час беа засадени 303.150 фиданки со што беше соборен и Гинисовиот рекорд на најмногу засадени фиданки за еден час.

Тоа беше потврдено и регистрирано и од страна на официјалните претставници на Гинесовата книга на рекорди.

Претставничката на Гинисовата книга на рекорди за Турција Шејда Субаши Гемиџи го изјави следното: „Рекордот во засадување на најмногу дрвца за еден час е во рацете на Министерството за земјоделство и шумарство, со 303.150 фиданки во Чорум. Им благодарам на сите кои имаа заслуга кои учествуваа во овој голем социјален проект којшто е остварен против глобалното затоплување, во светски рамки.“

Министерот за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли на одржаниот состанок за печатот во Генералната дирекција за шумарство го зеде од официјалните претставници на Гинисовата книга на рекорди сертификатот по повод соборениот светски рекорд вчера во градот Чорум во засадување на најмногу фиданки за еден час.

 



Слични вести