Претседателот Ердоган: Предавањето на челникот на ФЕТО ќе биде една од главните теми на разговорот со Трамп

Претседателот Ердоган на аеродромот Есенбога во Анкара пред да отпатува за САД истакна дека предавањето на челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) ќе биде една од главните теми на разговорот со Трамп

1304833
Претседателот Ердоган: Предавањето на челникот на ФЕТО ќе биде една од главните теми на разговорот со Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да отпатува за главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, одржа состанок за печатот на аеродромот Есенбога во Анкара.

Овде, Ердоган информираше за содржината на оваа негова дводневна посета, денеска и утре, на САД.

Во врска со предавањето на челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), претседателот Ердоган истакна дека прашањето со ФЕТО е една од главните теми за коишто ќе се разговара за време на неговата посета на САД.

„До денеска фрливме бројни чекори и ќе продолжиме да фрламе чекори за предавање на терористот во Пенсилванија на нашата земја. Одлучни сме да не се откажеме се додека не положат сметка пред лицето на правдата сите пучисти.“ - рече Ердоган.

Велејќи „И покрај магливото рвеме во нашите односи, сме едногласни со претседателот на САД Доналд Трамп во точката на изнаоѓање решение за проблемите и развојот на нашите односи“, претседателот Ердоган напомена дека припадникот на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК Ферхат Абди Ѓахин е терористички челник и дека со документи ќе се појасни дека е погрешно тоа што Американците разговараат со еден ваков терорист.

Тој рече: „Нашето приоритетно прашање ја претставува борбата против тероризмот. Сакаме да започнеме еден нов период во прашањата коишто ја засегаат безбедноста и на двете земји.“

Ердоган привлече внимание дека Русија и САД не можеа да ги исчистат терористичките организации (во Сирија) и рече: „За тоа ќе направиме проценка со Трамп, а на враќање со со телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го критикуваше и ставот на Европската унија (ЕУ) во врска со активностите на Турција во Источниот Медитеран и обраќајќи и се на Унијата ги ипотреби следните зборови. „Не обидувајте да и се заканувате на Турција во врска со случувањата на Кипар. Ние нема да им обрнуваме внимание и на нив, ќе продолжиме по нашиот пат.“

Во врска со ставот на земјите на Европската унија (ЕУ) кои не сакаат да ги примат назад своите државјани, припадници на терористичката организација  ДЕАШ кои се фатени за време на борбата против тероризмот во северниот дел на Сирија, претседателот Ердоган рече: „Преразгледајте го вашиот став против Турција која држи во затвор и под контрола на сириска страна толку припадници на ДЕАШ.“

Ердоган во врска со предавањето на припадниците на ДЕАШ рече: „Ние ќе продолжиме да ги враќаме нив. Ги зеле, или не ги зеле, тоа нас и нé не интересира премногу.“

Претседателот Ердоган додаде дека искреното работење коешто се води досега со САД и Русија по прашањето на безбедната зона во Сирија, се посакува да се спроведува на одлучен начин и во иднина.



Слични вести